Во потрага по потеклото на Универзумот

Пречесен Сан Мјанг Мун
Основачки собир на Семејната федерација за светски мир
Вашингтон Шератон хотел, САД
1-ви август 1996

Почитувани гости, дами и господа,

Со крајот на студената војна, нова надеж за мир и правда брзо се рашири низ целата земјина топка. Лидерите кои не се во состојба или не сакаат да ја прифатат новата меѓународна стварност се збришани од големиот бран промени.

Како што стоиме на прагот на новиот милениум, верувам дека е време да ги преиспитаме нашите традиционални начини на размислување и храбро да ги искористиме овие нови можности. Поради тоа, голема чест ми е да го споделам со вас моето животно залагање за светски мир и вистински семејни вредности.

На овој свет постојат два вида човечки суштества: мажи и жени. Можат ли тие да решат да ги заменат позициите? Дали вашето раѓање како машко или женско е засновано врз лична желба? Или сте родени без разлика на вашите желби? Полот што ни е даден е апсолутен и не може да се избере. Ние не мислевме на него ниту го сакавме, туку без да ја знаеме причината, резултатот или процесот на нашето раѓање, родени сме на определен начин.

Затоа не може да се одрече дека, без оглед на тоа колку може да биде важна некоја личност, тој или таа не е причинско, туку резултантно суштество. Според тоа, мора да постои првото причинско суштество. Кое е тоа причинско суштество? Дали е машко? Дали е женско? Можете да го наречете тоа прво причинско суштество Бог или со кое било друго име, но такво причинско суштество мора да постои.

Денес овде се собрани некои од најпознатите луѓе во светот. Можеби ќе речете: каде е Бог? Покажете ми го и потоа ќе поверувам. Но ве предупредувам да не го одрекувате постоењето на тоа причинско суштество.

Темата на денешниот говор е "Во потрага по потеклото на Универзумот". Ако одиме подлабоко и подлабоко во потрага по потеклото на Универзумот, ќе стигнеме до Бога. Сознаваме дека Бог поседува двојни карактеристики на машкост и женскост. Како започнал Универзумот? Да ги оставиме настрана нашите дискусии околу Бога за момент, и да го разгледаме човештвото. Јасно е дека човештвото е составено од мажи и жени, или субјект и објект партнери. Во минералното царство молекулите се составени од ањони и катјони. Растенијата се размножуваат преку прашник и толчник. Животните живеат како мажјаци и женки, а човечките суштества - како мажи и жени. Ако ја испитуваме креацијата, било тоа да е минералното, растителното или пак животинското царство, гледаме дека плус и минус на повисоко ниво егзистира и се развива со апсорбирање на плус и минус од пониско ниво. Зошто се случува овој феномен? Затоа што постоечкиот свет е одговорен да ги усоврши човечките суштества, кои се господари на креацијата.

Во минералното царство, плусот и минусот, односно субјектот и објектот се обединуваат засновано врз идеалот на љубовта и така постојат. На ист начин, во растителното царство, прашникот и толчникот, односно субјектот и објектот, се обединуваат засновано врз љубовта и, како резултат на тоа и тие постојат. Науката денес истакнува дека дури и бактериите постојат како плус и минус.

Како се обединуваат субјектот и објектот, односно плусот и минусот? Со бакнување? Љубовта не е концепт, туку супстанцијална реалност. Врз која реалност љубовта може да биде заснована? Сите вие, претседатели и почитувани гости, сте познати личности, но има едно нешто кое не го знаете. Не знаете што го прави мажот маж, а жената жена. Одговорот е: половите органи. Има ли некој овде кој не ги сака половите органи? Ако ги сакате, колку многу ги сакате? Досега можеби не сте мислеле дека е доблесно да се ценат половите органи, но отсега натаму морате да ги цените.

Каков ќе биде светот во иднина? Ако е тоа свет што ги цени половите органи апсолутно, дали тој свет ќе биде добар или лош? Дали ќе напредува или ќе пропадне? Ова не е шега. Кога ги создавал човечките суштества, во кој дел Бог го вложил најголемиот креативен напор? Во очите? Носот? Срцето? Мозокот? Сите овие органи еднаш ќе умрат, нели?

Која е целта на Семејната федерација за светски мир? Кога човештвото би било во апсолутна хармонија со половите органи, заслужувајќи аплауз од Бога, тогаш каков би бил светот дури и ако ги надминеме традиционалните категории на вредности, религија или кои било други човечки норми? Кога се раѓаме како маж или жена, кој е сопственик на нашиот полов орган? Всушност, сопственик на половиот орган на сопругот е сопругата, а сопственик на половиот орган на сопругата е сопругот. Не знаевме дека половиот орган е сопственост на спротивниот пол. Ова е едноставна вистина. Не можеме да ја негираме. Дури и откога ќе поминат илјадници години, оваа вистина нема да се промени.

Секој маж мисли дека неговиот полов орган му припаѓа лично нему, и секоја жена мисли дека нејзиниот полов орган í припаѓа лично нејзе. Поради тоа светот денес пропаѓа. Секој греши кога се зема предвид сопственоста на половите органи. Сите ние мислиме дека љубовта е апсолутна, вечна и како сон, но кога јасно ќе разбереме дека вечната љубов може да ја поседуваме само заедно со спротивниот пол, светот нема да остане во сегашнава состојба. Има безброј научници и доктори на науки, но никој од нив не размислувал за ова.

Може ли некој од вас да го оспори ова? Ако ги прашате вашите родители, вашите баби и дедовци, вашите прабаби и прадедовци, првобитните предци, па дури и Бога, Кој е изворот на Универзумот, сите тие ќе се согласат со ова. Ова е универзален закон. Оваа вистина ќе остане дури и откако Универзумот ќе продолжи да постои милијарди години. Природен заклучок е дека кога ќе застанете пред Бога, Тој ќе ве осуди како праведни или неправедни во согласност со овој непроменлив закон.

Дури и падот на Адам и на Ева потекнува од прекршувањето на овој закон. И Адам и Ева грешеле, мислејќи дека нивниот полов орган е нивна лична сопственост. Размислете за тоа. Дали Бог би ги протерал Адам и Ева поради тоа што тие јаделе вистинска овошка? Бог не е такво бесчувствено суштество. Бог ги протерал затоа што тие не го исполниле најосновниот критериум според кој Универзумот функционира. Поради нивната грешка со изворната точка на љубовта, тие не можеле да бидат признати никаде во Универзумот. Во минералното, растителното и животинското царство, позитивноста и негативноста, односно половите органи се резервирани за комплементарниот љубовен партнер. Адам и Ева не го знаеле ова.

Тогаш, зошто постојат половите органи? За љубов. Мажот и жената постојат за да најдат љубов. Кои се карактеристиките на Бога? Бог е апсолутен, единствен, вечен и непроменлив. Тогаш, кој е сопственик на љубовта? Сопственик на љубовта не е мажот или жената. Сопственик на љубовта е Бог. Засновано врз љубовта и низ љубов, Бог и човечкиот род стануваат едно. Ова е затоа што и Бог и човечките суштества апсолутно имаат потреба од љубов.

Тогаш, каква љубов му треба на Бога? На Бог му треба апсолутна љубов. А што е со вас? Истото важи за вас и за мене. Исто како што на Бога му треба апсолутна, единствена, непроменлива и вечна љубов, нам исто така ни треба апсолутна, единствена, непроменлива и вечна љубов. Изгледа дека сите ние личиме на Бога.

Самиот Бог има карактеристики на машкост и женскост, или позитивност и негативност. човечките суштества, кои се создадени како супстанцијален објект на Бога, создадени се како маж и жена. Кога мажот и жената стапуваат во брак, тие стануваат супстанцијален плус и минус претставувајќи го Бога. Божја волја е кога ние се венчаваме комплетно да се соединиме хоризонтално, со Божјата вертикална љубов во средиштето.

Човечкото тело е хоризонтално, претставувајќи ја земјата. Од друга страна, совеста секогаш го сака вертикалното и ја бара повисоката перспектива. Затоа човечките суштества незадржливо ја бараат точката во која тие стануваат едно со вертикалниот стандард на Бога. Таа точка мора да биде средиштето, а мажот и жената мораат да се сретнат еден со друг во таа точка.

Поради тоа, кога секоја личност што е родена од тоа средиште расте низ искуствата за љубовта на детето, љубовта меѓу браќата и сестрите, и брачната љубов, зрелото тело ја претставува земјата, а зрелиот ум е насочен кон Бога. Во оваа крајна точка, телото и умот стануваат едно, и вертикално и хоризонтално, воспоставувајќи на тој начин основа за среќа. Само на тоа место Бог, кој е Апсолутното суштество, ќе се радува врз основа на апсолутна љубов. Исто така, и сопругот и сопругата, кои се љубовни партнери ќе уживаат во радост на тоа место.

Односите меѓу родител и дете, сопруг и сопруга и брат и сестра ги претставуваат соодветно страните север и југ, исток и запад и предната и задната страна. Кога тие совршено ќе се соединат центрирано на таа една точка, се создава една идеална, сферична форма.

Поради тоа, на Исток постои изрека, која вели дека родителите и децата создаваат едно тело. Понатаму, тие ги гледаат сопругот и сопругата и братот и сестрата како едно тело. Која е основата за таа традиционална мудрост? Сето тоа е овозможено кога трите односи создаваат една сфера што се проширува во сите правци со вистинската љубов во средиштето. Тие односи мораат да формираат една сфера со еден центар. Треба да има само еден центар. Соединување е возможно затоа што тие односи всушност имаат исто средиште. Односот меѓу Бога и човечките суштества е однос родител - дете. Според тоа, Бог и човекот мораат да станат едно, засновано врз вистинска љубов.

Почитувани дами и господа, колку големи се човековите желби? Вашиот ум сака да досегне повисоко и од Бога. Без разлика колку ниско е некоја личност, тој или таа можат да посакуваат свет дури и поголем од светот што Бог го посакува. Како сакан син или ќерка на Бога, ако му кажете Нему: "Татко, те молам дојди!" - нема ли Тој да дојде? Без оглед на тоа колку е грда сопругата на некој човек, ако навистина ја сака, тој природно ќе ја следи кога таа ќе го повика. Со единството засновано врз вистинска љубов, сопругот ќе одговори на повикот на својата сопруга, постариот ќе го следи повикот на помладиот, а помладиот ќе го следи повикот на постариот. Никој од нив нема никогаш да посака да се раздели од другиот.

Ако Бог е сам, дали Тој се чувствува осамено или не? Како можеме да знаеме дека Тој се чувствува осамено? Почитувани дами и господа, имате ли вие љубов? Имате ли живот? Имате ли полови клетки? Имате ли совест? Вие ги потврдувате сите овие нешта, но дали некогаш сте виделе љубов? Дали сте виделе живот? Дали сте виделе крвна лоза? Дали сте ја виделе совеста? Дали некогаш сте ги допреле овие нешта? Вие знаете за нивното постоење, но не можете да ги допрете, ниту да ги видите. Ги знаете само преку интуицијата на вашиот ум. На истиот начин, дури и ако не сте го виделе или допреле Бога, не можете да речете дека Тој не постои.

Што е поважно, она што е видливо или она што е невидливо? Сигурен сум дека сфаќате дека невидливото е поважно од видливото. Можете да видите и допрете пари, позиција и чест, но не можете да видите или допрете љубов, живот, крвна лоза и совест. Сите ние ги имаме, но тогаш - зошто не можеме да ги видиме? Тоа е затоа што тие се едно со нас. Кога умот и телото одржуваат апсолутна рамнотежа, вие не ги чувствувате.

Ги чувствувате ли вашите очи како трепкаат? Обидете се да ги изброите трепкањата за три часа. Ги броите ли вдишувањата што ги правите секој ден? Допрете ја левата страна од вашите гради со десната рака. Чувствувате ли како нешто бие? Можете да го почувствувате биењето на вашето срце. Колку пати на ден го слушате тој звук на вашето срце? Преку стетоскоп биењето на вашето срце звучи како експлозија на бомба. Но, кога сме зафатени, поминуваат недели и месеци без да го почувствуваме тоа. Размислете за тоа! Веднаш чувствуваме кога мала мува ќе ни застане на глава, но не можеме да го почувствуваме биењето на нашето срце дури и кога неговиот звук е стопати посилен од брмчењето на мувата. Тоа е затоа што ние сме едно со нашето сопствено тело.

Можеби ќе мислите дека е неучтиво ако го споделам ова со вас, но би сакал да ви дадам неколку примери. Вие го користите тоалетот секое утро. Кога одите по нужда, дали носите гас-маска? Ова нешто не е за смеење, туку е сериозна работа. Ако сте блиску до некој што врши нужда, вие брзо ќе се оддалечите на добро растојание од него. Но, мирисот на вашиот сопствен измет дури и не го забележувате. Тоа е бидејќи материјата од вашиот измет е едно со вашето тело. Поради тоа, вие и не чувствувате дека е тоа валкано.

Кога сте биле мали, дали некогаш сте пробале исушена слуз од вашиот нос? Дали е таа слатка или солена? Солена е, нели? Штом можете да одговорите на ова, мора да сте ја пробале! Зошто не сте почувствувале дека е валкана? Тоа е затоа што таа била дел од вашето тело. Пречесниот Мун сфати нешто што никој во светот не го знаеше.

Кога се искашлувате, понекогаш ја голтате слузта, нели? Што е со вас - кои сте денес овде? Дали некогаш сте го имале тоа искуство? Бидете искрени. Зошто не чувствувате дека е тоа нечисто? Затоа што слузта била едно со вашето тело. Сите ние јадеме три оброци дневно: појадок, ручек и вечера. Ако одите триесетина сантиметри подолу од вашата уста, таму има фабрика за ѓубриво. Јадејќи трипати на ден, ние обезбедуваме суровини за таа фабрика. Кога го знаете ова, можете ли сé уште да внесувате храна во вашата уста? Ние знаеме дека има фабрика за ѓубриво во нашиот стомак, но живееме без да го чувствуваме нејзиното присуство. Зошто не ја чувствуваме таа фабрика? Затоа што сме едно со неа. На истиот начин, ние имаме љубов, живот, крвна лоза и совест, но бидејќи тие се соединети со нас во рамнотежа, не ги чувствуваме, како што не го чувствуваме ни атмосферскиот притисок што нé опкружува.

Исто како нас, и Бог има љубов, живот, крвна лоза и совест, но Тој не може сам да ги почувствува. Бидејќи тие се во целосна рамнотежа, Тој не ги чувствува. Тоа е причината зошто на Бога, исто така му треба објект- партнер. Од оваа перспектива ја разбираме неопходноста од објект-партнер. Кога некој е сам, тој не може да се чувствува себеси. Но, кога маж ќе се појави пред некоја жена, и жена ќе се појави пред некој маж, стимулацијата на љубов и крвна лоза ќе избувне како молња и гром. Мора да бидете наполно свесни за ова. Сите ние живеевме без да ја знаеме оваа вистина. човекот не сфатил дека на Бога апсолутно му треба неговиот љубовен партнер.

Тогаш, кој е љубовниот партнер на Бога? Дали е тоа мајмунот? Ако човечките суштества се резултат, може ли мајмунот да биде суштеството што е причина за нас? Можат ли мајмуните да бидат наши прадедовци? Немојте ни да зборувате за таква бесмислица! Со цел животот да започне од амеба и да ја достигне човековата форма, тој мора да помине низ портите на љубовта на илјадници нивоа. Дали животот автоматски напредува? Апсолутно не. Истово важи и за сите суштества. Поделбата на видовите е многу стриктна. Никој не може да ја наруши таа поделба.

Ако материјалистите, кои веруваат дека мајмуните се наши предци, вкрстат човек и мајмун, дали сметате дека ќе се појави нова форма на живот? Нема да им успее, без разлика колку илјадници години се обидуваат. Зошто нема тоа да успее? Морате да размислите.

Тогаш, што му треба на Бога? Кој дел од вашето тело Нему му треба најмногу? Вашите очи? Раце? Вашите пет сетила? Во Него постои и машкост и женскост, но како Небески Татко, Тој е во положба на машки субјект. Имајќи го ова на ум, зар не би рекле дека на Бога му треба љубовен партнер?

Тогаш кој или што во Неговата креација може да биде Негов љубовен партнер? Дали е тоа само мажот? Или, дали жената сама може да стане љубовен партнер на Бога? Каков партнер сака Бог? Дали Нему му треба партнер со големо богатство? Дали Нему му треба партнер со знаење, или партнер со голем авторитет? Не, ниедно од овие нешта не е важно. Бог сака љубовен партнер. Според тоа, Бог сака да се појави и да нé сретне во местото каде што, како сопруг и сопруга, стануваме едно преку нашите полови органи.

Зошто во тоа место мажот и жената стануваат едно со Бога? Затоа што љубовта е апсолутна, а тоа е местото каде што мажот и жената ја имаат апсолутната желба да станат едно. Хоризонтално гледано, мажот, кој е плус, му приоѓа на тој центар, а жената, која е минус, исто така му приоѓа на тој центар. Во Бога, исто така, машките и женските карактеристики стануваат едно како плус и минус. Тоа единство во Бога како поголем плус, станува едно со поголемиот минус, имено - единството на мажот и жената. Значи, прашањето се сведува на условите под кои тоа единство може да се постигне.

Што е брак? Зошто бракот е важен? Бракот е важен затоа што тоа е патот за наоѓање љубов. Тоа е патот за создавање живот. Тоа е патот каде што животите на мажот и жената се обединуваат. Тоа е местото каде што лозата на мажот се комбинира со лозата на жената. Од бракот произлегува историјата, од бракот се појавуваат народи и започнува идеален свет. Без бракот нема значење постоењето на поединци, народи и идеален свет. Ова е формулата. Мажот и жената мораат апсолутно да станат едно. Родителите и децата мораат да станат апсолутно едно со Бога, да го сакаат и да живеат и умрат со Него. А кога тие ќе умрат, ќе отидат во духовниот свет на местото што се вика Небо. Но, ниту еден поединец, семејство или народ не го исполниле тој идеал. Светот и човештвото го немаат исполнето тој идеал, и затоа Небеското царство кое Бог го посакува е празно. Никој досега не влегол во Небеското царство.

Од оваа перспектива, можеме да видиме дека Исус дошол како Спасител на човештвото, но не можел да влезе во Небеското царство. Наместо тоа, Тој отишол во Рајот. За да влезе во Небеското царство, Исус морал да создаде семејство. Затоа Исус сака да дојде повторно. Исус требало да се ожени, да создаде семејство, да му служи на Бога и да живее со Него во тоа семејство, а потоа да влезе во Небеското царство со тоа семејство. Тој не можел да влезе во Небеското царство сам. Затоа, во Библијата се вели: "Сé што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сé што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото". Мораме да ги решиме проблемите на земјата. Бидејќи болеста започнала на земјата, таа мора да биде излечена на земјата.

човештвото потекнува од падот. Поради тоа ние живееме во подрачјето на падот и не можеме да влеземе во Небеското царство без да направиме основа за да се издигнеме над тоа подрачје. човекот во подрачјето на падот мора да го уништи тоа подрачје, без оглед колку е тоа тешко. Затоа Исус рекол: "Кој ќе го зачува животот свој, ќе го загуби, а кој ќе го загуби животот свој заради Мене, ќе го најде". Со цел да го поминеме овој пат на смртта, мора да го пробиеме и да се издигнеме ризикувајќи ги нашите животи.

Вашите семејства се во подрачјето на падот. Вашите родови и народи - исто така. Морате да се борите и да победите. Падот се случил во семејството на Адам. Дали Адам и Ева имале деца пред да бидат истерани од Едемската градина или потоа? Тие имале деца откако биле истерани. Го создале своето семејство без никаков однос со Бога. Како можете да појдете во Небеското царство без да го знаете ова? Тоа е незамисливо. Не можете да го остварите совршениот идеал со незнаење. Ова е мое предупредување до вас.

Молете се да дознаете дали зборовите на преч. Мун се вистинити. Никој не знае колку тешкотии пребродив со цел да го најдам овој пат. Иако не сторив никакво злодело, страдав низ шест различни затвори за да го најдам овој пат. Преку оваа вистина, јас сум способен да ги исправам и образувам скапоцените млади луѓе за еден час. Некои луѓе велат дека им ги испирам мозоците на младите, но всушност јас ги просветувам со логична вистина. Атеистите замолчија откако не успеаја научно и логично да ја докажат невистината дека Бог не постои. Од друга страна, некои христијани не' обвинуваат и се обидуваат да не' уништат, велејќи дека сме еретици бидејќи нашите доктрини се разликуваат. Но, во случајов, ова таканаречено еретичко учење е на страната на вистината.

Сатаната мрази сé што е на Божјата страна, а Бог мрази сé што е на страната на Сатаната. Дали некој во светот го сакал преч. Мун? Вие дојдовте овде само заради тоа што сте разбрале што прави преч. Мун. Не дојдовте без да го знаете тоа.

Младината во поранешниот Советски Сојуз исто така виде и научи што прави преч. Мун. Зхивеејќи во идеолошки вакуум, тие сега интелектуално се опремуваат себеси со обединувачка перспектива преку опсежни текстови за етика во основните и средните училишта, на универзитетите, па дури и во затворите. Три илјади и шестотини училишта во поранешниот Советски Сојуз користат такви текстови. Тие веруваат дека моите учења го нудат единствениот начин да се надмине коруптивното влијание на декадентната западна култура на хомосексуалност и слободен секс. Тие прогласуваат: Ние мораме да ја надминеме Америка, која му се спротивставува на преч. Мун! Тие сакаат да ја престигнат Америка во следењето на преч. Мун.

Дами и господа, го сакате ли Бога? Дали Бог би се радувал гледајќи го преч. Мун како ги прави овие работи? Дали може учењето на Ватикан да се хармонизира со учењето на преч. шулер, кој исто така присуствуваше на Основачкиот собир на Семејната федерација за светски мир? Нивните учења се различни. Тогаш, прашајте го Бога чие учење е вистинито. Каква корист можам да имам јас ако ви кажам дека вашето сфаќање за Исус и за Марија е погрешно? Но морате да разберете еден факт многу јасно: без да се разврзе на Земјата, не може да се разврзе на Небото. Преч. Мун, кој го знаеше ова во младоста, го посвети целиот свој живот да оди по овој пат за нивното ослободување.

Дали Исус требало да се ожени? Исус требало да се ожени. Дали Исус е жена или маж? Ако има некоја жена светица, зар Исус не би посакал да се ожени со неа? За време на создавањето на Адам и на Ева, Бог им ги подарил нивните полови органи. Зошто Тој би го сторил тоа? Дали Бог би ги венчал кога ќе достигнат зрелост или не?

Проблемот лежи во нивниот пад. Поради падот, нивната крвна лоза се променила од Божја во сатанска. Затоа, Бог ги избркал од Едемската градина. Всушност, Адам и Ева требало да станат Божје тело, во позиција на Божја невеста. Падот, на некој начин, внел болест во Божјето тело и идеал, зашто Адам и Ева се однесувале како непријатели на Бог. Можете ли да си замислите колку страдало Божјето срце додека Тој гледал како ова се случува? човековиот пад е гробот во кој вие се закопувате себеси. Тоа бил акт на отуѓување. Исто така, тоа бил и коренот на слободниот секс, како и изворот на индивидуализмот.

Каква земја е Америка денес? Таа стана земја на екстремен индивидуализам, земја чии луѓе ги следат своите лични интереси, задоволувајќи се себеси, алчни, практикувајќи слободен секс. Дали Бог ги сака тие нешта? Која е целта на таквите екстремни индивидуалисти? Тие ги напуштаат Небото и Земјата, светот, народот, општеството, своите семејства па дури и своите баби и дедовци. Покрај тоа, тие ги губат своите родители и браќа и сестри. Поради тоа, тие живеат како чергари и скитаат наоколу како хипици, немајќи место каде да одат кога врне и снежи. Па така, тие се принудени да ги завршат своите животи со самоубиство. Тоа е резултат на индивидуализам.

Оригиналниот ум не сака да го заштити овој екстремен индивидуализам и бесмисленото возвишување на приватноста. Оригиналниот ум сака да живее примајќи љубов од Универзумот, народот, нашето село и нашите родители. Но, бидејќи луѓето одат по спротивниот пат, нивната совест станува нефункционална и тие чувствуваат контрадикција со својот сопствен оригинален ум. Токму затоа сé поголем е бројот на луѓето што повеќе сакаат да умрат отколку да живеат и, практично, се самоубиваат земајќи дрога. Вистината:"Кје жнеете она што сте посеале", се докажува пред нас.

Какво семе Адам и Ева посеале во Едемската градина? Тоа било семето на слободниот секс. Може ли тоа да се одрече? Тоа е причината поради која тие ги покриле долните делови од телото. Зар не е вистина дека дури и децата знаат дека мора да се прикријат, на пример, откако јаделе слатки што ги сокриле нивните родители? Ова е функцијата на човековата природа. Ако плодот на Дрвото на познавање на доброто и злото бил вистински плод, тогаш Адам и Ева ќе си ги покриеле своите усти или раце. Па, зошто си ги покриле долните делови?

Преч. Мун е интелигентен човек. Затоа и го правам она што го правам. Не може да се одрече дека причина за падот бил блудот. За да се поправи грешката на Адам и на Ева, многу логично е да се рече дека мораме да тргнеме по пат 180 степени различен од патот на падот. Поради падот, ние наследивме лоза на патеката кон Пеколот. Ова е причината зошто Месијата мора да дојде.

Месијата доаѓа како сопственик што треба да создаде семејство во Едемската градина, онака како што било првобитно планирано од Бога. Мора ова јасно да го разбереме. Мора да биде логично. Месијата прво треба да создаде семејство кое ќе му служи на Бога. Преку ова семејство, тој треба да воспостави народ. Поради тоа, семејството е клучот. Засновано врз Месииното семејство, треба да има процес на калемење. Проблемот е - кој може да ме спаси од овој свет на смртта? Тоа е причината зошто се оди по спротивниот пат.

Погледнете ја ерата на Стариот завет. Надоместот се вршел засновано врз принципот око за око, заб за заб. Погледнете ја Ребека, жената на Исак. Нели е таа онаа што го украла благословот за Јаков, измамувајќи го својот постар син Исав и својот сопствен маж Исак? Зошто Бог би сакал таква жена? Како можеме да имаме вера во таков Бог? Никој досега не одговорил на овие прашања. Пречесниот Мун е првата личност што ги дава одговорите, затоа што преч. Мун ги знае Божјите тајни.

Сега да ја откриеме линијата што ги дели Небото и Пеколот. Дали е таа горе, во воздухот? Каде е? Тоа е вашиот полов орган. Ова е сериозна работа. Ова ги има превртено Небото и Земјата наопаку. Кој може ова да го одрече? Ова е објаснето во главата за човековиот пад во Божествениот принцип, учењето на преч. Мун. Ако се сомневате во тоа, прашајте го Бога. Не можете да го одбиете Божествениот принцип на преч. Мун, кој има содржина што ги надминува сите ваши соништа, презентирана преку логични објаснувања и со добро подредена структура.

Ако се прашувате дали преч. Мун ќе оди на Небото или во Пеколот, ќе дознаете кога ќе умрете и појдете во духовниот свет. Морате да разберете дека преч. Мун ја надминал смртта стотици пати со цел да го најде овој пат. Преч. Мун е човекот кој го довел Бога до солзи стотици пати. Никој во историјата не го сакал Бога колку што го сака преч. Мун. Поради тоа, дури и ако светот се обиде да ме уништи, преч. Мун никогаш нема да пропадне. Тоа е затоа што Бог ме штити. Ако зачекорите во подрачјето на вистината што ја учи преч. Мун, вие исто така ќе добиете Божја заштита.

Кога половиот орган се користи на истиот начин како кога слепиот човек скита бесцелно и без насока, тој без сомневање ќе ве одведе, како негов сопственик, во Пеколот. На истиот начин, човекот ќе биде одведен високо на Небото кога тој или таа го користи половиот орган во согласност со стандардот на Божјата апсолутна љубов. Ова е јасен заклучок.

Денес, се соочуваме со сериозен проблем на младината, бидејќи Адам и Ева во сенката на Едемската градина го посеале семето на слободниот секс преку нивниот пад, за време на нивната младост. Во Последните денови, време на жетвата, мора да постои светскиот феномен на неконтролиран слободен секс меѓу младината.

Сатаната знаел дека Господарот на второто пришествие ќе дојде во Последните денови со стратегија да го спаси човештвото кое е во подрачјето на падот, со тоа што ќе го издигне во подрачјето на апсолутната љубов заснована врз Божјата Вистинска љубов. Сатаната не може да најде ниеден друг стандард на љубов освен слободниот секс, оној што архангелот го внел во Едемската градина. Поради тоа, ние гледаме дека целиот свет е соблечен и со слободниот секс е турнат во насока на смртта. Целото човештво е принудено да оди по овој пат во Последните денови, како потомство на архангелот. Бидејќи денешното човештво потекнува од Адам и Ева, кои паднале под власта на Сатаната во Едемската градина, Сатаната храбро може да тврди пред Бога дека тој има право да прави што сака со сите мажи и жени на овој свет.

Бог знае што сака Сатаната. Преку слободниот секс, Сатаната сака да го запре и последниот човек од враќање кон Бога. Со други зборови, Сатаната сака да го уништи целото човештво и да создаде пекол на Земјата. Зар не е светот во кој живееме денес пекол на Земјата? Токму затоа, ние ќе го најдеме патот кон Небото одејќи 180 степени спротивно од насоката на овој пекол на Земјата. Кога Господарот на второто пришествие ќе дојде, ќе ни го покаже тој пат, како начин да се спаси овој свет и да нé поведе кон Небото.

Тогаш, кој е патот што е 180 степени спротивен од патот на слободниот секс? Патот на слободниот секс е поставен заради лажните родители. Според тоа, Вистинските родители мора да дојдат да го исправат погрешниот пат. Бог не може да се вмеша! Никаков авторитет, ниту пак воена, економска или политичка сила не може да го стори тоа. Сето тоа е предизвикано од лажните родители. Затоа се потребни Вистинските родители да го распорат со скалпел. Само ако Вистинските родители оперираат со нивниот скалпел човештвото може да се спаси.

Оној што грешел треба да го отплати гревот. Лажниот брак, кој ја изопачил крвната лоза за 180 степени, се случил во семејството. Поради тоа, Вистинските родители треба да дојдат и да подарат брак што е во насока 180 степени спротивна, со цел да го отворат патот кон Небото.

Тогаш, што очекувал Бог од Адам и Ева? Бог очекувал апсолутен секс од нив. Вие светски лидери, кои сте собрани вечерва овде, ве молам научете ја оваа вистина и однесете ја назад во вашите земји. Ако започнете кампања да обезбедите апсолутен секс во вашата земја, вашите семејства и вашиот народ ќе тргнат право кон Небото. Кога постои апсолутен секс, автоматски ќе се појават апсолутни двојки. Зборовите како слободен секс, хомосексуалец и лезбејка природно ќе исчезнат.

Преч. Мун го живееше целиот свој живот надминувајќи страдалнички пат со цел да иницира ваков вид на движење низ целиот свет. Сега дојде времето преч. Мун да труби со фанфарите на победата и да го придвижи целиот свет. Поради тоа јас сум му благодарен на Бога.

Семејството ги гради темелите на патот за светски мир. Семејството, исто така, може да го уништи тој пат. Во семејството на Адам е уништена основата на човековата надеж и среќа. Поради тоа, кога ќе ја воспоставиме Семејната федерација за светски мир, ќе биде отворен патот што оди 180 степени спротивно од сатанскиот свет, а за тоа не можеме поинаку отколку да бидеме благодарни на Бога. Без следење на овој пат нема слобода, среќа, ниту идеал!

Би сакал да се центрирате на апсолутниот, уникатниот, непроменливиот и вечниот полов орган, и да го користите ова како ваша основа во следењето на Бога. Мора да сфатите дека овој орган треба да стане основата за љубов, живот, крвна лоза и совест. Исто така, треба да разбереме дека Божјото царството на Земјата и на Небото ќе започне врз оваа основа.

Ако сите мажи и жени признаат дека нивниот полов орган припаѓа на нивниот брачен сопружник, сите ќе наведнеме глава и ќе станеме покорни кога ја примаме љубовта на нашиот сопружник. Љубовта доаѓа кон вас само од вашиот партнер. Не постои друга љубов освен љубовта за доброто на другите. Мораме да запомниме дека можеме да најдеме апсолутна љубов онаму каде што апсолутно живееме за доброто на другите. Кога ќе се вратите дома, треба да очекувате да водите војна против сатанскиот свет.

Каде и да одите, ве молам обидете се да ја ширите пораката на преч. Мун, преку телевизија или друг медиум. Никогаш нема да пропаднете. Каква сила може да го пренасочи овој свет на Пеколот? Невозможно е да се постигне тоа, освен ако не го користиме нашиот полов орган во согласност со апсолутниот, единствениот, непроменливиот и вечниот стандард заснован врз Божјата вистинска љубов којашто е апсолутна, единствена, непроменлива и вечна љубов. Бог е вистинскиот сопственик на половите органи.

Ајде да одиме напред сите заедно за оваа заедничка цел. Ајде да станеме предводници кои ќе ја спроведат Божјата вистинска љубов. Ова е вистинската мисија на Семејната федерација за светски мир. Сега, ве молам, вратете се во своите домови и потврдете со вашите сопружници дека вашите полови органи се апсолутни, единствени, непроменливи и вечни. Прогласете дека она што е ваше, всушност е на вашиот сопружник и она што вашиот сопружник го заштитувал толку добро се' досега е вистински ваше. И, ве молам, дајте завет дека ќе го живеете вашиот живот со благодарност и во вечно служење на вашиот сопружник. Во такви семејства, Бог ќе престојува вечно и, засновано врз нив, светското семејство ќе почне да се зголемува. Искрено се надевам дека секој од вас ќе учествува во следниот венчален благослов од три милиони и шестотини илјади парови. Правејќи го тоа, ќе формирате вистинско семејство кое може да се регистрира во Божјето царство на Земјата.

Многу ви благодарам. Амин!