SFSMO Logo

Vlez
Fakti
Idei
Vesti
Svet
Kontakt

 

Семејна федерација за светски мир и обединување

На венчавка во Сеул

  TTF Kirilica
 

На духовното спојување на повеќе десетици илјади невести и младоженци во Јужна Кореја, учествуваа и две двојки од Македонија - Пречесниот Мун, лидерот на Обединувачкото движење заедно со претставниците на мнозинството светски религии ја благослови нивната вистинска љубов.

Чувството на космополитизам, верската и етничка толеранција, блискоста со нашите единородни браќа и сестри од сите меридијани, за нас, луѓето од Балканот, каде што последната деценија пустоши национализмот како да е нешто туѓо, подзаборавено.

 

Грандиозен
благослов
за идните
вистински
семејства

Зоран
Димитровски,
Нова Македонија
23. 2. 2000

Многу поблиска ни е омразата, отуѓеноста, националната нетрпеливост, многу повеќе сакаме да ги истакнуваме цивилизацискиот јаз, расната нетрпеливост, религиозната исклучивост.

На прагот од новиот милениум, наместо сплотени во една хуманистичка кауза за мир, љубов и рај на земјата, поттикната од сознанието дека сме еден род (генс уна сумус), ние, обичните смртници што зборуваме различни јазици, што имаме поинаква боја на кожата и секој на свој начин го славиме Бога, сме како оган и вода, како земја и воздух, демонски одделени и безнадежно спротивставени...

Спектакуларна венчавка

Гревот од Еденската градина на нашите прародители Адам и Ева е основната причина за моралниот пад на човештвото. Така барем учи Принципот на пречесниот Мун, основач на Обединувачката црква која денес прерасна во импозантна мрежа на невладини организации за промоција на вистинска љубов, за семејство во кое ќе владее божествена хармонија, за глобализација на мировните движења заснована на теолошките принципи.

Во десетмилионскиот Сеул, во чест на 80-тиот роденден на пречесниот Мун и на неговата сопруга, на почетокот од февруари се собраа млади и стари од сите континенти. Пет-шест илјади само од Европа, по нешто помалку од Африка, Јужна и Северна Америка, многу повеќе од Азија и од самата Кореја. Се собраа да чествуваат и да се дружат, да почувствуваат дека иако се многу различни, сепак се еднакви, а голем дел од нив на единствен и спектакуларен да го кажат своето судбоносно ДА, на света божествена манифестација духовно да се обединат со својот партнер, со својот избраник и иден животен сопатник...

...Светскиот фестивал на културата и спортот и овојпат, како и повеќепати порано беше замислен како чествување на љубовта и манифестација на мирот. На роденденската прослава на пречесниот Мун, како и на Собирот на светските лидери од областа на политиката, науката, образованието, културата, религијата, присуствуваа значајни имиња, како екс-претседателот на Замбија, Кенет Каунда, поранешниот вице-претседател на САД, Ден Квејл, бившиот премиер на Велика Британија, Сер Едвард Хит, екс-претседателите на Исланд, на Барбадос, на Сејшелите...

..."Пречесниот Мун е последниот жив пророк, односно водач на нова светска религија, која има глобално влијание, а чии цели за враќање на моралните вредности, за вистинска љубов и вистинско семејство, за мир во светот, се општоприфатливи и очајнички неопходни на современото општество кое доживува морален пад", вели проф. д-р Кирил Темков, кој учествуваше на самитот на светските лидери во Сеул...

...Токму таа верба во единствениот Бог, на ексклузивната манифестација - Благословот на повеќе десетици илјади млади брачни парови (меѓу кои и долупотпишаниот новинар и неговата избраничка), што се одржа на олимпискиот стадион во Сеул, собра неколкумина претставници од мнозинството светски религии. Православниот владика, будистичкиот монах, протестанскиот и католичкиот свештеници, исламскиот оџа и индијанскиот врач, секој на свој начин, како што проповеда неговата вера, ги благословија невестите и младоженците од сите светски меридијани. Следуваше молитва и благослов од преч. Мун и неговата сопруга, кои следбениците на Обединувачкото движење ги нарекуваат - Вистински родители...

Братимење со градот Кангхва

Македонската делегација во Сеул имаше ексклузивна можност при посетата и братимењето (посеструвањето) со градот Кангхва, на брегот од Жолтото море, да посети и една караула на границата со Северна Кореја и од непосредна близина да ја набљудува земјата зад железната комунистичка завеса. Нашите домаќини од Кангхва, семејната федерација за светски мир и обединување од овој град, како и Лајонс Клубот, ни приредија срдечен пречек и не' испратија со пригодни подароци од керамика, како и драгоцениот чај од коренот џин-сенг. За претседателот на Република Македонија испратија исто така убав подарок, традиционално корејско дрвено ковчеже...

 
   

Целиот напис можете да го најдете на страниците на Нова Македонија.

 
Влез / Факти / Идеи / Вести / Свет / Контакт
www.unification.net/macedonian
(c) СФСМО Македонија
 
Вовед,
најнови
вести и
линкови
Почетоци
Развој
Денес
Семејство
Принцип
Говори
Акции
Лекции
Прослави
За
светското
движење
Адреси
Телефони
Имиња